Прво видео досега - ова чудо на природата никој не успеал да го види, ниту сними! Погледнете како орки се здружуваат и - јадат ајкула!

Точка

07/08/2022

22:17

30.101

Големина на фонт

а а а

Досега технологијата ни дозволуваше да дознаеме многу повеќе за светот околу нас, а сега за првпат со дрон е снимена неверојатна сцена од природата, на брегот на Јужна Африка.

Имено, група китови убијци нападнале и проголтале голема бела ајкула во Западниот Кејп, во заливот Мозел.

Три орки полека се приближуваат до ајкула од 3 метри и потоа го напаѓаат животното. Големата бела ајкула потоа се врти настрана додека трета орка доаѓа и плива под неа и уште еднаш го каснува телото на ајкулата.

Потоа се гледа како еден од китовите со своите вилици ја носи ајкулата под вода за да ја изеде цела.

Зборувајќи за Дејли Бист, научничката Алисон Таунер пред да се појави видеото, рекла:

„Навистина мислам дека кога ќе се емитува тоа видео ќе стане вирално. Тоа е веројатно една од најубавите кадри што некогаш биле снимени“.

Намалувањето на бројот на ајкули кои биле забележани на овие брегови се припишува на китовите убијци, бидејќи многу од овие животни избираат да се држат настрана од областа каде што се наоѓаат орките.

Таунер верува дека оваа снимка сега е доказ дека китовите убијци убиваат ајкули во таа област.

„Ова е прва снимка со беспилотно летало во светот на која китовите убијци убиваат голема бела ајкула. Ова е првпат ова да биде документирано како директен доказ во Јужна Африка“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг