„Ѝ се јавив на мајка ми и ѝ кажав дека штотуку се обидов да се самоубијам“: Актерката завршила во психијатриска установа, па отворено зборувала за сè

Точка

06/08/2022

14:43

4.669

Големина на фонт

а а а

Еван Рејчел Вуд открила дека пред десет години завршила во психијатриска установа, откако се обидела да изврши самоубиство.

Ѕвездата на „Westworld“ напишала текст за своето ментално здравје и така со сите ја споделила својата приказна.

„Не сум експерт, но можам да го споделам своето искуство. Кога имав 22 години, се пријавив во психијатриска клиника, и не се срамам поради тоа“, започнала таа.


„Сега кога ќе погледнам назад, тоа беше најлошо-најдобрата работа којашто ми се случила“, наведува актерката.

„Беше утро и се чувствував како да ме прегазил камион. А, потоа речиси хистерично, го зедов телефонот. Беше тоа еден од оние моменти кога конечно треба да одлучам – или да продолжам да живеам така или да почнам да го живеам животот како што треба“, напишала таа.

Тогаш ѝ се јавила на мајка си и ѝ рекла дека ѝ треба помош затоа што се обидела да се самоубие.

„Кога ѝ се јавив и кога ѝ кажав дека морам да одам во болница, не мислев на физичка повреда, туку на здравјето на психата“, вели актерката.

Таа додава и дека тој повик за помош дошол како олеснување.

„Кога ќе паднеш на дното, немаш каде да одиш, туку само нагоре“, заклучила таа.

Таа вели и дека во тоа време не јадела, ниту спиела три дена и дека се чувствувала како „ништо“. Било тоа првпат да побара помош.

„Морам да ви кажам, не препорачувам да преживеете искуство блиску до смртта, воопшто не ви препорачувам, само сакам да ви кажам дека многу луѓе кои го доживеале тоа стануваат целосно нови личности после тоа“, вели Еван.

Еван се борела со  посттрауматско стресно нарушување како последица на „неколку силувања и неколку насилни врски“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг