Европа да му се заблагодари на Ердоган што добива гас! Путин со турскиот претседател најавил бројни проекти

Точка

05/08/2022

19:34

4.234

Големина на фонт

а а а

Гасоводот "Турски тек" работи без прекин и европските партнери мора да и бидат благодарни на Турција за тоа, порачал денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.

„Верувам дека нашите европски партнери мора да и бидат благодарни на Турција на нејзината поддршка за непречениот транзит на гасот на европскиот пазар“, рекол Путин, пренесува "TAS S".

Тој изразил очекување дека денеска ќе биде потпишан меморандум за развој на трговско-економските врски на двете земји, додава "Sputnik".

Рускиот претседател му се заблагодарил на Ердоган на напорите кои ги вложил за да се реши прашањето за испораката на жито од Украина.

„Испораките веќе започнаа, сакам да ви се заблагодарам и на тоа и на фактот дека во исто време е донесена одлука за непречени испораки на руска храна и ѓубриво на светските пазари“, рекол Путин.


Рускиот претседател додал дека двете земји треба да имплементираат бројни билатерални проекти, пренесува "TAS S".

Тој истакнал дека обемот на билатералната трговија се дуплирал во првиот квартал од 2022-ра година.

„Доволно е да се каже дека минатата година обемот на нашата билатерална трговија е зголемен за 57 проценти, а во првите месеци од оваа, вклучувајќи го и мај, тој е дуплиран“, укажал Путин.

Во 2021-ва година вредноста на трговската размена меѓу Русија и Турција изнесувала околу 35 милијарди долари, а во оваа година експертите прогнозираат дека таа ќе достигне меѓу 50 и 60 милијарди долари, наведува "TAS S".


Ердоган рекол дека на Анкара и Москва им претстои отворање на нови страници во билатералните односи и соработката.

„Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите на двете земји. Би сакал да разговараме за прашања за енергетска соработка, извоз на жито преку Црното море, туризмот и регионалните прашања“, навел Ердоган.

Тој истакнал дека една од темите ќе биде и прашањето за Сирија.


„За нас тоа е важна борба против тероризмот во регионот. Денеска светот ги следи разговорите во Сочи“, истакнал турскиот претседател, а Путин потврдил дека таа тема ќе биде на дневниот ред.

Турскиот лидер нагласил дека е неопходно да се преземат чекори за работата на нуклеарната електрана "Акују" да не бидат одложени.

По разговорите во четири очи на претседателите, ќе им се приклучат и делегациите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг