Сигурно не го знаете неговото име: Рајскиот остров за парови со неверојатни плажи за одмор од соништата

Точка

05/08/2022

10:45

23.065

Големина на фонт

а а а

Бора Бора е прекрасен остров којшто се протега на околу 30 квадратни километри во Француска Полинезија, во Тихи океан.

Поради својата нереална убавина – тиркизното море кое го опкружува и белите песочни плажи, многумина го нарекуваат рај на Земјата.

Вистинското име на овој остров е Пора Пора што во превод значи „првороденче“. Но, првите европски доселеници во 18-ти век, погрешно го слушнале името и почнале го нарекуваат Бора Бора, а тоа име се одржува до денес.


Поради изолираната положба на островот, прекрасните плажи и пријатните температури во текот на целата година, Бора Бора е прекрасна дестинација за романтичен бег на паровите.

Не е ниту чудно зошто го нарекуваат романтичен остров, ниту пак тоа што многу од паровите го бираат како место за меден месец.

Штом дојдете на овој остров, ќе ви понудат да си ставите цвет зад увото. Доколку забележите некоја личност која ви се допаѓа и која би сакале да ја запознаете, а носи цвет зад десното уво – отстапете.


Тоа е личност којашто е во врска или пак брак. Доколку личноста носи цвет зад левото уво, веројатно таа е слободна и бара љубов.

Бора Бора е совршена дестинација и за љубителите на нуркањето, а една од најпопуларните тури е нуркање со морските кучиња со стручен водич.


Не грижете се, нема ништо лошо да ви се случи доколку се придржувате до правилата. Поголеми се шансите да се повредите доколку кокос ви падне на глава од некое дрво кое се наоѓа во близина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг