Блинкен: Реакцијата на Кина на Пелоси е флагрантна провокација

Макфакс

05/08/2022

08:45

1.424

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на состанокот на АСЕАН (Асоцијација на нации од Југоисточна Азија) изјави дека реакцијата на Кина на посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван е „флагрантна провокација“.

Блинкен, говорејќи на самитот во Камбоџа, рече дека Кина сака да го заплаши, не само Тајван, туку и другите соседи, откако ги започна, како што рече, „најголемите воени вежби досега во Тајванскиот теснец“, пренесе Ројтерс.

„Реакцијата на Кина на посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван „флагрантна провокација“, рече Ентони Блинкен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг