Колку вреди Колосеумот во Рим?

Точка

04/08/2022

23:22

6.979

Големина на фонт

а а а

Колосеумот, легендарниот споменик на генијалноста и величественоста на стариот Рим, добил своја цена. Во извештајот кој го објавиле финансиските консултанти од компанијата "Deloitte LLP", која се наоѓа во Велика Британија проценила дека "вредноста на оваа знаменитост е околу 77 милијарди евра".

Во Италија постои изрека која вели дека доколку минете покрај Колосеумот и не се завртите да го погледнете овој легендарен споменик, оној кој оди пред вас има право да ве удри, бидејќи покрај таква убавина не се проаѓа туку-така.

Колосеумот се наоѓа источно до Римскиот форум. Во древен Рим во него се одржувале спектакли за јавноста, борби на гладијатори и животни, симулации на битки, како и некои од егзекуциите од тоа време. Зданието го конструирале царевите од Флавиевската династија, па е познат и како Флавиев амфитеатар.


„Повеќето Италијанци се согласија со процената на вредноста на Колосеумот“, навеле финансиските експерти во извештајот.

Добиената сума на вредноста на Колосеумот настанала на основа на низа фактори (приход од продажба на карти, како и резултати од анкети на Италијанците кои навеле колку финансиски средства би вложиле да го сочуваат амфитеатарот.


Повеќе од 90 проценти од вкупниот број на испитаници нагласиле дека споменикот мора да биде сочуван под било кои околности, дури и ако тоа би значело дека граѓаните треба да плаќаат за одржување.

„За имот како што е Колосеумот, неопходно е да се повикаме на димензијата на вредноста која е материјална и нематеријална. Во таа смисла, нематеријалната вредност на Колосеумот може да биде поголема од вредноста која се однесува на економската корист која може да ја оствари“, истакнал Марко Вулпиани, шеф на одделението за проценка во "Deoitte Central Mediterranean".


Колосеумот е завршен во 80-тата година п.н.е и е најголем амфитеатар на светот. Привлекува повеќе од седум милиони туристи и носи приход од околу 1,39 милијарди евра на годишно ниво.

Во извештајот се наведува дека Италија, која има голем број на споменици кои се дел од културното наследство на УНЕСКО, може да ги искористи уште подобро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг