Курти објасни зошто реципрочните мерки се одложени за 1-ви септември

Макфакс

04/08/2022

16:55

4.113

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека неговата Влада го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на автомобили со српски регистарски таблички и воспоставување реципроцитет во однос на личните документи, поради големата кампања за дезинформации што ја води Белград.

Курти ова го соопшти денеска пред пратениците во Собранието на Косово.

„Кампањата за дезинформација беше жестока, се зборуваше дека во недела ќе има операција „Бура“, дека Србите на Косово ќе поминат низ пекол и слично“ – рече Курти.

Затоа Владата на Косово, додаде тој, мораше да го одложи спроведувањето на своите одлуки до 1. септември.

Тој потсети дека овие одлуки се во согласност со Бриселскиот договор кој беше постигнат пред 11 години како дел од дијалогот Косово-Србија.

Владата во Приштина на 29 јуни донесе одлука од 1 август да започне процесот на пререгистрација на српските регистарски таблички со ознаки на градови во Косово на РКС (Република Косово).

Одлуката се однесува и на воспоставување реципрочни мерки во врска со личните карти издадени од српските власти.

Но, во пресрет на спроведувањето на оваа одлука, на 31. јули локалните Срби во четири општини на северот на Косово ги блокираа патиштата со камиони и други возила во знак на протест, по што Владата на Косово одлучи да го одложи спроведување на тие одлуки за 30 дена.

Косовскиот премиер Курти очекува овие одлуки да се спроведат без поголеми проблеми од 1. септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг