Невил: Ме загрижува само една работа околу Арсенал

Дерби

04/08/2022

13:59

2.722

Големина на фонт

а а а

Арсенал се заслили со неколку одлични фудбалери и делуваше импресивно на подготовките за новата сезона, но сега следи моментот на реалноста, односно стартот на новата сезона во Премиер лигата.

„Топчиите“ ќе ја отворат новата кампања во Англија со дуел против Кристал Палас утревечер на „Селхрст парк“, дуел во кој тимот на Артета влегува со позитивни резултати и страшно издание против Севилја минатата седмица.

Арсенал испорача шест гола во мрежата на шпанскиот ривал и оваа сезона ќе го има Габриел Жезус како ударна игла во нападот, ресурс кој според многумина ќе биде доволен за да се влезе во топ четири на крајот од сезоната.

– Сигурен сум дека фановите на Арсенал ќе стојат зад Артета оваа сезона. Загрижен сум само околу една работа, искуството на менаџерот и искуството на целиот тим. Доказите го велат тоа, Арсенал лани требраше да заврши четврти, но на крајот го испушти тоа.

– На крајот пресуди искуството на Антонио Конте, искуството на играчите на Тотенхем. Арсенал беше толку неискусен на дербито со Тотенхем во завршните кола, излегоа толку наивни. Мојата грижа околу Арсенал е само во неискуството, – вели Гери Невил за „Скај Бет“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг