Улогата на еден јавен обвинител најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.
Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, ѝ одговори на Русковска директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, по нејзиниот апел синоќа до сите меѓународни институции и странските амбасади, да реагираат.
„Оттука, ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.
Негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е безпредметнo да ги коментирам.
Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош”- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има“ порача Муареми.
Русковска се пожали на притисок од страна на директорот на Финансиската полиција и нагласи дека нема да дозволи лице за кое се проверува постапувањето да ѝ го валка образот и честа кои долги години макотрпно ги градела. Таа ја повика и Европската обвинителка Лаура Ковеси, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот, за Муареми.