[ВИДЕО] Николоски: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста, праќаме позитивни сигнали за инвеститорите

Макфакс

12/03/2026

08:42

141

Големина на фонт

а а а

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат.

На економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирав важноста на геостратешката позиција на Македонија каде што се вкрстуваат двата пан-европски коридора.

„Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста. Праќаме позитивни сигнали за инвеститорите”- напиша вицепремиерот Николоски и објави видео од обраќањето на глобалниот форум.