„Science Alert“: Научниците открија дека овој додаток во исхраната може драстично да го намали ризикот од канцер

Точка

03/08/2022

13:14

25.888

Големина на фонт

а а а

Научниците дошле до охрабрувачки резултати кога станува збор за сериозната болест од која годишно умираат голем број од луѓето ширум светот.

Во големата студија во која учествувале 1.000 учесници и која траела 20 години, научниците откриле дека еден додаток во исхраната, познат како резистентен скроб значително го намалува ризикот од заболување од повеќе видови канцер.

Што е всушност резистентен скроб?

Доколку ги следите најновите трендови во исхраната, можеби веќе сте слушнале за резистентен, т.е. добар скроб поради тоа што тој е во фокусот на нутриционистите ширум светот.

Станува збор за хранлива состојка која се поврзува со многубројни здравствени предности, како и одржување на оптималната телесна тежина. Тоа е вид на јаглехидрат којшто не се вари целосно, т.е. тој е храна за добрите бактерии во нашите црева.

Резистентниот скроб го има во многу намирници, а може да се додаде и во исхраната како суплемент или додаток.

Намирниците кои содржат добар скроб се: овес, грашок, боранија и други мешункасти растенија, варен и изладен компир и тестенини, благи, зелени банани.


Експертите сметаат дека резултатите од оваа студија се толку импресивни што потребно ќе биде да се направат уште нови истражувања за да се потврди сето тоа.

„Откривме дека резистентниот скроб го намалува ризикот од карцином за над 60 отсто. Успехот е најочигледен во горниот дел од цревата“, изјавил водачот на истражувањето, нутриционистот Џонб Матерс од Универзитетот во Велика Британија, пренесува „Science Аlert“.

Резистентниот скроб не делува на канцер на цревата


Сепак, авторите истакнуваат важно ограничување на студијата, а тоа е тоа што резистентниот скроб немал никакво влијание на канцерот на дебелото црево туку само на некоректалните тумори во состав на варењето.

Тоа ги изненадило истражувачите поради тоа што очекувале дека делотворноста на скробот треба да биде најголема таму каде што тој се разградува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг