Трамп со оваа убавица ја изневерил Меланија: Поранешната прва дама на САД го разоткрила неверството и ги прекинала контактите...

Точка

01/08/2022

21:54

10.707

Големина на фонт

а а а

Судејќи според медиумските натписи бранот на Меланија и Доналд Трамп е многу турбулентен, но нивната врска била таква и пред венчавката која за малку ќе ја спречела неговата врска со убавата манекенка.

Жената која ги вмешала прстите во врската на Меланија и Доналд Трамп била манекенката Кара Јанг, со која поранешниот американски претседател се забавувал две години, пред да почне врска со поранешната словенечка манекенка. Или, подобро кажано, паралелно траеле неговите врски со двете познати убавици.

Колку биле бурни тие односи, доловено е во книгата на Роналд Кеслер "Белата куќа на Трамп: промена на правилата на играта", објавена пред неколку години. Авторот навел дека Меланија во една прилика ја видела поранешната девојка на Трамп, Кара Јанг, како излегува од неговиот стан во "Trump Tower" и веднаш ја прекинала врската со него.

А во "Trump Tower" се упатила со намера со Доналд да отпатува не неговиот имот на Флорида, со неговиот приватен авион.


Кеслер во интервју за "US Weekly" рекол дека Меланија "не била многу загрижена за заминувањето од луксузниот стан или пристапот до Мар-а-Лаго, па веднаш наредила да и биде пратена облеката од имотот". Според неговите зборови, Трамп бил импресиониран од силниот карактер на Меланија Трамп, па раскинувањето не траело долго. По една недела повторно почнал да флертува со неа.

Меланија и Доналд Трамп се венчале во 2005-та година, а во бракот го добиле синот Барон, а аферата со Кара Јанг не била единствената која ги следела.


Се пишувало дека поранешниот прв човек на САД имал афера со порно-актерката Сторми Даниелс и Плејбој моделот Карен Мекдугал. Јасно е, извештаи за неговите наводни неверства никогаш не недостасувале, но дали е доказ дека долгогодишниот брак со Меланија Трамп е доказ дека тие афери биле празни зборови?

Додека се чека одговор на ова прашање, некои извори тврдат дека Трамп планирал да се жени со Јанг, но таа наводно ја одбила таа понуда бидејќи не сакала сериозен љубовен однос, а притоа грижата за синот од претходната врска и била на прво место.


Ако работите биле поинакви, можеби Меланија немало да стане трета сопруга на Доналд Трамп.

Доналд Трамп зад себе има бракови со Ивана Трамп, која почина на 14-ти јули во својот дом во Њујорк и Марла Мејплс. Првата брачна заедница траела од 1977-ма до 1992-ра година и му донела три деца - Иванка, Ерик и Доналд Помладиот, додека бракот со Марла Мејплс траел од 1993-та до 1997-ма. Од тој брак ја има ќерката Тифани.

Според пишувањето на "Newsweek", Доналд Трамп се забавувал и со Ен Никол Смит, Габриела Сабатини, Карла Бруни, Кендис Берген, Алисон Џанини, Кајли Бакс и Ровен Брувер Лејн.




Спонзорирани линкови

Маркетинг