Ѝ приреди јавно неверство, таа преку ноќ заборави сè: Сега го користи секој момент за пред сите да ѝ покаже нежности

Точка

01/08/2022

17:11

33.259

Големина на фонт

а а а

Џастин Тимберлејк и неговата поубава половина Џесика Бил со денови уживаат на Сардинија. Пејачот и актерката оставаат впечаток на хармоничен и неразделен пар.

Папараците направиле неколку фотографии на кои се гледа како парот ужива на јахта со група пријатели. Тимберлејк и Џесика си разменувале нежности, а камерата „уловила“ и нивен романтичен бакнеж.


Џесика носела едноделен костим за капење, кој е апсолутен хит оваа сезона, додека Џастин носел впечатливи зелени шорцеви и црна маичка. Носел и бела капа на главата, па тешко може да се заклучи дека е тој.

Ова не е првпат парот да биде фатен како разменува нежности. Имено, тие неодамна биле фотографирани додека танцуваат на јахта, како и на плажа додека се бакнувале.


Извајаното тело на Џесика им привлекува внимание на многумина, а Џастин се чини дека не губи време, користејќи ја секоја прилика да ги допре облините на Џесика и да ја бакне.

За потсетување, нивниот однос помина низ голем скандал, кога фотографите го „уловиле“ додека разменувал нежности со колешка со која тогаш работел.


Имено, актерот бил видно пијан и едвај стоел на нозе. Актерката со која наводно ја изневерил својата сопруга е Алиша Вајбврајт. Алиша и Тимберлејк биле видени во еден бар по снимање, додека друштво им правеле членови од филмската екипа.

Тие двајца одлучиле да останат сами и излегле на балкон, а после подолго време ѝ се придружиле на екипата.


Се зборуваше дека ова не е единствената афера што Тимберлејк ја имал и дека врската со сегашната сопруга била многу бурна. Се шпекулираше и дека парот ќе се разведе, но тоа не се случило.

Тие се запознале во 2005, додека врската ја започнале во 2007 година.


„Морав да бидам прилично упорен за да ја натерам да каже „да“. Но јас сум многу упорен и ако нешто сакам, не се откажувам од тоа. И на крајот се согласи“, рекол Џастин на почетокот на нивната врска.

Според фотографиите, тие никогаш не биле позаљубени. Дали сето ова е само глума или навистина не можат да ги сокријат емоциите, проценете сами.




Спонзорирани линкови

Маркетинг