Унгарски спектакл на Ферстапен, ново „тактичко самоубиство“ на Ферари!

Макфакс

31/07/2022

17:31

10.245

Големина на фонт

а а а

Светскиот шампион Макс Ферстапен, иако стартуваше од 10. позиција, стигна до спектакуларна победа на Унгарското ГП пред двајцата возачи на Мерцеес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел за да го зголеми водството во генерален пласман по неверојатно „тактичко самоубиство“ на Ферари, кои беа во совршена позиција да остварат 1-2 победа на невообичаено облачната патека Хунгароринг.

Освојувачот на пол-позицијата, Џорџ Расел ја заддржа предноста на стартот и во првите десетина кругови, пред возачите на Ферари, Саинс и Леклер, додека Ферстапен по десет круга успеа да скокне од 10. на 5. место.

Леклер, кој излезе пред Саинс по првото влегување во боксот, конечно, во 30. круг успеа да го помине Расел, меѓутоа потоа во Ферари направија грешка при изборот на гуми, оставајќи го Леклер и Саинс на тврди гуми, по што Ферстапен ја начека својата шанса и го претекна Леклер за водство на трката. Шампионот потоа направи грешка и го препушти местото на Леклер, за веднаш потоа да го претекне, за катастрофално шоу на Скудерија.

До крајот на трката, Ферари не успеаја ниту да го заддржат местото на подиумот, дозволувајќи „препородените“ Мерцедес да се радуваат на второто и третото место. Саинс беше четврт пред Серхио Перез на петтото место и Леклер како шести, а во поени беа и Лендо Норис (Мекларен), двајцата возачи на Алпине (Фернандо Алонсо и Естебан Окон) и новиот „пензионер“, Себастијан Фетел во Алпине.



Спонзорирани линкови

Маркетинг