Официјално: Украина нема да биде домаќин на Евровизија 2023 година, еве во која земја ќе се одржи натпреварувањето

Точка

25/07/2022

15:06

8.879

Големина на фонт

а а а

Натпреварувањето за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Велика Британија наместо во Украина.

Организаторите на овој музички натпревар донеле ваква одлука бидејќи сметаат дека не постојат услови за одржување на настанот во Украина, која победи оваа година, со оглед на тоа што руската инвазија и понатаму трае.

Со оваа одлука, Велика Британија ќе биде домаќин на Евровизија за првпат во 24 години. Сè уште не се знае во кој град ќе се одржи натпреварувањето, но се шпекулира дека тоа ќе биде Манчестер или Глазгов.

За потсетување, украинскиот бенд „Kalush Orchestra“ ја воодушеви публиката во Италија со својата песна „Stefania“ и ги освои срцата на гледачите ширум светот.


Учесникот од Велика Британија, Сем Рајдер, на сличен начин ја воодушеви публиката со својата песна „Space Man“, а неговиот талент го доведе до второто место. Според традицијата, Евровизија следната година требаше да се одржи во Украина, но поради руската војна, тоа не е возможно.


Украина претходно ја осуди одлуката да ѝ се одземе домаќинството наредната година, донесена поради руската инвазија, а британскиот премиер Борис Џонсон тогаш изјави дека Украина треба да биде домаќин.

Меѓутоа, сега е официјално – Евровизија 2023 година ќе се одржи во Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг