Бејл претрча 50 метри и го постигна својот првенец во МЛС лигата

Дерби

24/07/2022

17:32

3.560

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл доби шанса од клупа и на вториот натпревар во МЛС лигата, но значително поголемата минутажа беше доволна за да го постигне премиерниот гол во новото натпреварување.

Капитенот на велшката фудбалската репрезентација го постигна својот првенец во Америка, и тоа во акција во која претрча 50 метри и која самиот ја осмисли со својот нов соиграч.

Бејл најпрво го проигра Аранго, претрча половина терен и доби повратна од соиграчот, а потоа прецизно го матираше противничкиот голман на Канзас и ја потврди победата за Лос Анџелес.

Герет влезе во игра во 65-та минута и одигра речиси половина час вклучувајќи го и продолжението, а неговиот гол ги постави конечните 0:2 на оваа средба во МЛС лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг