Рекордна добивка на британска лотарија – 195 милиони фунти

Макфакс

20/07/2022

14:15

13.619

Големина на фонт

а а а

Неименуваниот сопственик на лозот од Велика Британија освоил рекорден џекпот од 195 милиони фунти на лотаријата „EuroMillions“, соопштил организаторот на лотаријата „Камелот“.

Тоа е воедно и најголема добивка на сите времиња на лотариите кои се организираат ширум Европа, соопштил „Камелот“, а претходниот рекорд во мај оваа година изнесувал 184 милиони фунти, пренесува „Reuters“.

Извлекувањето на броевите на „EuroMillions“ се одржува два пати неделно, во вторник и петок, а лотаријата се организира во 13 европски земји, јавува „Tanjug“.


Точниот износ освоен на вчерашното извлекување бил 195.707.000 фунти.

Пред два месеци Џо и Џес Тујт од Глостер освоиле 184 милиони фунти, наведува британската агенција.