Хорор на омилената грчка дестинација: Девојки велат дека ги силуваат богаташи, го опишале целиот ужас

Точка

13/07/2022

11:20

78.446

Големина на фонт

а а а

22-годишна девојка од Велика Британија наводно била силувана од богат американски турист на популарното грчко летувалиште Миконос, пренесува Мирор.

Жртвата, која не е именувана од правни причини, на полицијата ѝ рекла дека мажот има 30 години и дека инаку живее во едно од луксузните предградија на Њујорк.

Како што пишува „Мирор“, тие се сретнале во саботата во продавница на островот, пред тој да ја однесе во тоалетот од хотелот во кој престојувала, каде го извршил грозоморниот напад.

Девојката, која била на одмор со пријателите, го донела во својата соба, но му рекла дека не е расположена за секс. Мажот тогаш ја совладал и имал односи со неа, против нејзина волја, изјавила во полиција.


„Таму ме принудуваше да имам секс со него додека јас се обидував да го оттурнам, залудно објаснувајќи му дека не сум расположена за односи. Но, тој беше упорен и успеа да ме притисне и имобилизира со својата сила“, изјавила таа за локалните медиуми.

Грчката полиција го уапсила осомничениот, кој ги негира обвиненијата, тврдејќи дека доброволно имале интимни односи.

Друга неименувана девојка, исто на 22-годишна возраст, државјанка на Данска, изнела слично обвинение против 22-годишен маж после уште еден наводен сексуален напад на овој остров, пишува „Мирор“.


Таа рекла дека мажот ѝ рекол дека го посетува островот секоја година и дека поголемиот дел од своето време го поминува патувајќи од земја во земја. Исто така ѝ рекол дека е наследник од богато семејство.

Тоа се случило пред наводно да ја однесе во хотел, да ја совлада и да ја натера да имаат сексуални односи.

Вели дека веднаш потоа отишла во полиција и го пријавила инцидентот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг