ПСЖ постави висока цена за трансфер желбата на Милан

Дерби

07/07/2022

16:14

3.340

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот шампион Милан е во потрага по нов централен дефанзивец со тоа што главната трансфер мета им избега или поточно Свен Ботман заврши во редовите на премиерлигашот Њукасл.

Сега „росонерите“ имаат нов цел и тоа е играчот на Пари Сен Жермен, Абду Диало. Диало има 26 години и може да покрие повеќе позиции во одбраната и тоа како стопер и лев бек што е голем плус, но калчолигашот има голем проблем и тоа е францускиот клуб.

Диало не е во прв план кај „светците“, но тоа не значи дека така лесно би се ослободиле од него, односно бараат 20 милиони евра. Тоа е цена која за Милан е превисока, па италијанскиот тим дури е подготвен да почекада да види дали ПСЖ истата ќе ја намали како што ќе се приближува крајот на преодниот рок.

Само да потсетиме првакот остана без Алесио Ромањоли и останува да видиме за каков потег ќе се решат Малдини и тренерот Пиоли со тоа што во медиумите се споменуваше како опција и Ачерби од Лацио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг