10 знаци кои укажуваат на тоа дека сте емотивно зависни од вашиот партнер

Точка

07/07/2022

15:10

55.722

Големина на фонт

а а а

Емоционалната зависност според мислењето на експертите е облик на незрела емоционална поврзаност која се огледува во претерано „потпирање“ на друга личност.

Кога некого сакате, тогаш сте подготвени на сè за да бидете среќни. И, тоа е во ред, меѓутоа, не по секоја цена.

Овие 10 знаци укажуваат на тоа дека сте емотивно зависни од вашиот партнер:

1. Чувствувате голема љубомора кога партнерот поминува време со некој друг.

2. Вашиот партнер и вие сте престанале да правите работи кои некогаш сте ги правеле одвоено или пак целосно сте прекинале да правите работи кои некогаш ви биле важни.


3. Постојано се грижите дека партнерот одеднаш ќе ви ја прекине врската или дека ќе ве напушти поради некој друг.

4. Секогаш сте подготвени да го оставите тоа што сте планирале да го правите, за да го поминете времето со својот партнер.

5. Го цените мислењето на партнерот повеќе од своето.

6. Помалку се грижите за тоа кој навистина е вашиот партнер, отколку за тоа да одржувате одредена слика на идеална личност пред пријателите и семејството.

7. Мислите дека можете да ја промените својата сакана личност во партнер којшто отсекогаш сте сакале да го имате.


8. Уживате да имате малку контрола над партнерот и станувате вознемирени и дисциплинирани кога ќе направат нешто што не сте сакале.

9. Вистински чувствувате дека не би биле во состојба да закрепнете или да продолжите со својот живот доколку вашиот партнер ве напушти.

10. Голем дел од вашата самопочит потекнува од одобрувањето на партнерот, посветеноста и вниманието.




Спонзорирани линкови

Маркетинг