Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот остров

Макфакс

07/07/2022

12:16

1.619

Големина на фонт

а а а

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.

„Ноќта меѓу 6 и 7 јули, режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот остров“, објави руското Министерство за одбрана.

„Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот остров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг