Ако јадете сатараш, ќе сакате и менемен: Рецепт за турско јадење кое ги буди сите сетила

Точка

06/07/2022

23:50

29.433

Големина на фонт

а а а

Во сезоната на домати и пиперки речиси и да нема куќа во Македонија во која домаќинките не подготвуваат сатараш барем еднаш неделно.

Ова јадење по едноставен рецепт „добро оди“ со сезонска салата, млечни производи како јогурт, кисело млеко, сирење, павлака или кајмак, како и со месо приготвено на различни начини.


Во Турција, пак, за појадок се служи јадење „на таа тема“, заедно со крцкави лепчиња. Протеинскиот појадок на база на зеленчук со додавање сирење и јајца е познат како менемен, се подготвува во бакарни садови и ве држи сити долго време.

Состојки:

- 2 домати

- 2 пиперки

- 100 гр. сирење

- 2 јајца

- 50 гр. путер

- сол, бибер

- лута пиперка


Подготовка:

Пиперките измијте ги, исечкајте ги на коцки, па пржете ги десетина минути во тавче во кое сте ставиле путер. Потоа додадете ги излупените домати исечени на коцки и продолжете со динстање на зеленчукот.

Штом течноста зоврие до половина, искршете ги јајцата, па измешајте ги со зеленчукот, додадете го издробеното сирење и оставете го на шпорет уште неколку минути за да се растопи сирењето и да се соедини со зеленчукот.


Готовото јадење посипете го со листови магдонос и послужете го со крцкави топли лепчиња,

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг