(Видео) „Денеска го загубив!“ Новиот бизарен тренд на ТикТок предизвика бура од реакции: Болничари се снимаат откако ќе им почине пациент

Точка

06/07/2022

22:48

13.750

Големина на фонт

а а а

Тикток е платформа која им овозможува на корисниците да споделуваат голем број бизарни видеа, но трендот кој владее во последно време е особено морбиден, здравствените работници се снимаат веднаш по смртта на нивниот пациент.

На видеата воглавно се гледаат медицинските сестри како нервозно шетаат по болничките ходници или едноставно очајно гледаат во камерата.

Една Твитер корисничка споделила такво видео од ТикТок со коментар:

„Не можам да верувам дека мојот пациент почина, снимајќи се за ТикТок токму сега“.

Видеото понекогаш вклучува и објаснување на ситуацијата, како ова, каде една ТикТокерка напишала:

„Денеска го загубив мојот пациент. Неговото семејство не можеше да биде тука за него. Па затоа, го направив она што секоја медицинска сестра би го направила. Седнав до него и го држев за рака до последен здив“.

Луѓето на социјалните мрежи не реагираат многу позитивно на овој тренд.

„Последното нешто што би го направил е да снимам видео. Зошто по ѓаволите?“, „Загубив многу пациенти за време на пандемијата. Навистина многу. А ова глумечко ѓубре ме прави толку лут што не можам ни да опишам“, „Тука ми почина пациент, само да го поставам мобилниот и ќе снимам видео каква траума е тоа“, се дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг