Последното селфи на Филипо кој настрадал во лавината на Доломитите

Точка

06/07/2022

16:50

4.755

Големина на фонт

а а а

22-годишниот Филипо живеел во италијанскиот град Исола Вицентина со партнерката Јелена Петровиќ и 4-годишниот син.

Филипо Бари e едно од седумте лица кои минатата недела ги изгубиле своите животи откако ги одвлекол глечер кој се урнал од највисоката планина на Доломитите, позната како Мармолада.


Неколку моменти пред трагедијата, Бари направил и пратил селфи од Мармолада до своето семејство и напишал - "Погледнете каде сум". Неговиот брат Андреа за италијанските медиуми рекол дека Филипо сакал да го посетува тоа подрачје,, како и дека селфито го пратил 20 минути пред лавината.


„Загина правејќи го тоа што го сака. Филипо беше голем вљубеник во планините и општо во природата. Веќе направи неколку висински излети, секогаш во придружба на искусни луѓе и со својата потребна опрема“, рекол Андреа за италијанската државна телевизија.

Филипо живеел во италијанскиот град Исола Вицентина со партнерката Јелена Петровиќ и 4-годишниот син. Планинарот со своите пријатели се искачувал на Мармолада на Доломитите во Италија, кога се откачило големо парче глечер, кое во неделата на 3-ти јули предизвикало лавина мраз, снег и камења низ падината.


Уште едно пронајдено тело е идентификувано како 52-годишниот Паоло Дани, кој бил водич на Алпите. Во оваа несреќа животот го изгубил и Давиде Моти (51), кој исто така работел како водич на Алпите. Неговата сопруга Ерика Кампањаро и натмау е меѓу исчезнатите. Се уште не се идентификувани сите жртви. Во меѓувреме, потрагата по исчезнатите со дрон продолжува. Се наведува дека меѓу нив има туристи од Романија, Чешка, Германија и Австрија. Меѓу повредените има и тројца Италијанци - 29-годишна жена, 33-годишен маж и 27-годишен маж.


Потсетуваме, трагедијата се случила кога мраз паднал на рутата која планинарите обично ја користат за да пристигнат до врвот на планината, соопштила алпската спасувачка служба. Локален службеник рекол дека делот кој се урнал бил широк околу 200 метри, висок 80 и длабок 60 метри - и паѓал низ планината со брзина од 300 километри на час.


Регионот бил погоден од топлотен бран последните недели, а експертите сугерираат дека токму тоа би можело да е причината за колапсот на глечерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг