(Видео) Банална расправија причина за смртта на 22-годишното момче: Расчистено убиството во Струмица, полицијата ги приведе сторителите

Макфакс

06/07/2022

12:47

2.948

Големина на фонт

а а а

Полицијата утрово привела три лица, сите од Струмица, за вчерашното убиство во кое беше убиено 22-годишно момче.

Банална расправија за паркинг место е причината за тепачката во Струмица во која 22-годишно момче беше усмртено, а уште три лица се повредени. Ова денеска го потврдија I од јавното обвинителство од каде што информираа дека три лица поврзани со овој случај веќе се приведени и се наоѓаат во полициска станица, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

Според информациите од полицијата, М.Ј. (22) и Р.А. (33) биле фатени во Радовиш, а Ј.Т. (44) во с. Дедели.

На 5.7.2022 околу 19:30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул. Бетовенова во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг