Неодолив летен тренд: Коса во боја на праска

Fashionel.mk

05/07/2022

21:16

17.998

Големина на фонт

а а а

Со секоја промена на сезоната доаѓа и потребата да промениме нешто во нашиот стајлинг. Некому е доволно да го освежи својот гардеробер со неколку нови модни парчиња, а некому му е потребна подрастична промена, како нова фризура.

Доколку сте дел од оваа група на луѓе кои сакаат да го прослават влезот во летото со освежување или комплетно менување на фризурата, почнувајќи од должината па сè до бојата на косата, имаме еден неодолив и „вкусен" предлог инспириран од боите на летната овошна кошничка.

Пастелните и јаките нијанси на неприродни бои за коса се тренд кој доминира последниве неколку години. Зелена, тиркизна, сина, виолетова, портокалова, розова...сè што можете да замислите и посакате, можете да добиете во фризерски салон.


Но во последно време, бојата на праска се чини дека е помеѓу најбараните нијанси за боја на коса. За да се избегне дводимензионален изглед, можете да си играте со повеќе нијанси на праска боја или пак да додадете сосема поинакви, дури и контрасни прамени во косата за персонализиран изглед. Во зависоност од тоа за кои тонови ќе се одчучите, студени или топли, можете да добиете совршена боја која ќе изгледа добро на секој тен на кожа.

Но, бидете внимателни! Кога станува збор за оваа боја, експертите советуваат да ја оставите во рацете на искусен фризер за да ја добиете нијансата која најмногу ќе ви одговара.






Спонзорирани линкови

Маркетинг