Ласо добил зелено светло од кардиологот, но Реал веќе го имал подготвено отказот за тренерот

Дерби

05/07/2022

12:53

20.559

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид вчера неочекувано го отпушти тренерот на кошаркарскиот тим, Пабло Ласо, а одлуката ја образложи со здравствената состојба на искусниот стручњак.

Ласо пред неколку месеци доживеа инфаркт, но се врати на чело на екипата, со која подоцна ја освои шпанската титула.

Сепак, Реал вчера објави дека ја завршува соработката со Ласо, кој имаше уште една година од договорот, а одлуката ја оправда со консултации со повеќе стручњаци и специјалисти со кои се консултирал околу состојбата на Ласо.

„Марка“ открива дека Ласо токму вчера бил на преглед кај кардиологот кој ја следел ситуацијата уште од инфарктот и тој му дал зелено светло за продолжување со професионалните обврски како тренер на Реал Мадрид.

Сепак, клубот не бил ни заинтересиран за оваа дијагноза и не ја ни дочекал истата пред да ја донесе одлуката за крај на соработката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг