Италија прогласи вонредна состојба во северните региони погодени со сушата

Нетпрес

05/07/2022

08:00

3.066

Големина на фонт

а а а

Италија во понеделникот вечерта прогласи вонредна состојба за областите околу најдолгата река По, којашто ја осигурува услови за околу третина од земјоделското производство во земјата и сега бележи најнизок водостој во последните 70 години.

Владината уредба ќе им овозможи на властите да ја намалат бирократијата и веднаш да преземат мерки доколку сметаат дека тоа е потребно, како што е наметнување на рационализација на одата за домаќинствата и компаниите.

По е најдолгата река во Италија со делта кај Венеција која тече повеќе од 650 километри низ богатиот северот на земјата. Меѓутоа, многу делови од водениот пат се пресушени и земјоделците велат дека текот е толку слаб што солената морска вода со километри продира во внатрешноста, уништувајќи ги посевите.

Владата поради сушата воведе вонредна состојба во петте северни региони: Емилија-Ромања, Фулранија-Јулијска краина, Ломбардија, Пиемон и Венето, пренаменувајќи првично 36,5 милиони евра за помош во решавањето на недостиг на вода.

„Вонредната состојба има цел да се управува со моменталната ситуација со вонредни средства и овластувања, со помош за загрозеното население“, соопшти владата во Рим.

Италијанските медиуми известија дека премиерот Марио Драги, исто така, разгледува можност да именува повереник на владата за координација на одговорот на сушата, на сличен начин на кој владата именуваше повереник за надзор на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг