Кафе 15 евра, шпагети 600! Ценовник од Миконос кружи на социјалните мрежи

Точка

04/07/2022

17:51

11.424

Големина на фонт

а а а

Од почетокот на летната сезона започнале приказни за цените за летување на различни туристички дестинации, а кај нас најмногу се споменува Грција како една од омилените.

На Фејсбук страната "Greek Gateway" се појавил ценовник на храна и пијалаци од Миконос во Грција, кој, имајќи ги предвид бројките, привлекол голем интерес.

На тој ценовник пишува дека еспресо чини 15 евра, грчкиот специјалитет сувлаки чини 25 евра, порција лигњи 150 евра, а шпагети со јастог 600 евра.

„Вистинита приказна. Цените на Миконос се луди. Зошто да плаќате толку кога има 227 други грчки острови“, пишува во описот на постот каде е поставен ценовникот.

По оваа објава започнала лавина од коментари.


„Неодамна пред некои 16 дена бевме на Крф, мислам дека не потрошивме повеќе од 50 евра, вклучувајќи вино и вода“, „Затоа јас, во текот на текот на 44 години посета на грчките острови го заобиколувам Миконос“, „Очигледно е дека тоа е само за богати луѓе. Тоа е класна дискриминација. Заборавете го Миконос, постојат многу други прекрасни грчки острови“.

Меѓутоа, некои луѓе тврдат нешто сосема друго. „Бевме на Миконос минатото лето и јадевме на неколку врвни места и никогаш не плативме толку, никогаш не видовме толкави цени“, „Не е точно. Само што се вратив од таму, цените се пониски од прикажаните“.

Во коментарите има и споредби на цените со тие од минатите година: „Ова е лудо. Кога бев во посета во 2020-та година цените беа нормални - кафе 2 евра, гиро 2,5 евра, пиво 2,5 евра“.

А Грците велат: „Има продавници за сечиј џеб“, „Има се од ова и по нормални цени во чесни ресторани, а ако одлучиш да одиш во скапо место, тогаш тоа е твој избор. Ние кои патуваме знаеме дека е така секаде во светот, не клеветете без причини“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг