Влегуваме во, најчесто, најтоплиот летен месец и нема сомнеж дека веќе сите го чувствуваме тој неиздржлив бран на топлина и високи температури кој ќе потрае и во наредните недели.
А со цел што поподготвени да ги дочекаме величествените (или немилосрдните) сончеви зраци, ги одбираме најлелеавите материјали и парчиња кои оставаат доволно простор за кожата да дише.
Размислувајќи за потребите на облекување за различни пригоди овој месеци, за вас подготвивме јулски стилски водич кој ќе ви послужи секојпат кога ќе посакате да имате шик комбинација за вечерна прошетка, одење на работа, престој во природа или излегување во бар.