Признале дека не се во состојба да му праќаат оружје на Зеленски: Шолц открил дека Германија нема повеќе ресурси - „Им пративме сè“

Точка

04/07/2022

23:21

4.028

Големина на фонт

а а а

Германија објаснила каков е нејзиниот официјален став за вооружувањето на Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за "CBS News" нагласил дека насред војната во Украина Берлин донел "многу, многу тешка одлука" да ја промени својата долгорочна политичка стратегија на земја која е во судир никогаш да не и обезбеди оружје.

„Германија не е во состојба да го снабдува Киев со оружје во слично темпо како САД, бидејќи нашите ресурси се поограничени. Германија го прати сето оружје кое го имаше во резерва. Одлучивме да испорачаме и ново оружје од нашата индустрија, за што потребно подолго време да се произведе“, објаснил вчера германскиот канцелар, одговарајќи на наводите дека неговата земја "премногу ветува и не исполнува" кога станува збор за Украина.

Тој додал дека одредени системи за вооружување бараат обука на украинските војници, што исто така го забавува процесот на испорака. Тој нагласил дека Берлин "ги користи сите средства" да и помогне на Украина и дека тоа ќе продолжи да го прави за да се избегне мир под руски услови, бидејќи тоа, како што вели, нема да го прифати ни Украина ни Западот.

„Најважно е сега да сфатиме дека ние не ја поддржуваме само Украина, туку и дека го менуваме начинот на кој ги трошиме нашите пари за одбрана. Големото зголемување на трошоците за оружје ќе и овозможи на Германија брзо да реагира ако постои закана за НАТО или за германската безбедност“, рекол Шолц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг