Касано за најавениот трансфер на Јувентус: Лудост е да дадеш толку пари за него

Дерби

04/07/2022

13:25

3.015

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сериозно работи на трансферот на Николо Ѕаниоло од Рома, но Антонио Касано не е воодушевен од потегот на „бјанконерите“.

Во минатото, Касано како екс-играч на Рома често го критикуваше Ѕаниоло, па и сега не му е јасно што Јувентус би инвестирал толку пари во италијанскиот репрезентативец.

– Според мене, Ѕаниоло не поседува доволен квалитет и не прави разлика на теренот.

– На негова возраст има подобри фудбалери на кои Јувентус може да се фокусира. Ѕаниоло шутира само во ист правец, не знае да дрибла, не знае да испрати асистенција, единствена предност му се физичките предиспозиции.

– Ако бев Јувентус никогаш не би платил 50 милиони за него, тоа е вистинска лудост. Ди Марија е друга работа, – изјавил Касано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг