Ријана првпат во јавноста по породувањето: Во нејзина близина се најде и мажот кој ѝ нанесе огромна болка

Точка

03/07/2022

16:00

11.902

Големина на фонт

а а а

Папарацо фотографите ја „уловиле“ Ријана по подолга пауза, откако стана мајка.

Пејачката се појавила на „Wireless“ фестивалот во Лондон. Ријана била со момчето АСАП Роки, а папарацо фотoграфите ја „уловиле“ во фризерница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот.

За таа прилика Ријана носела црна јакна, црни панталони, а својот изглед го надополнила со ѓердан и обетки.

Додека позирала со обожавателите, Ријана била видно насмеана.

Ова е првото појавување на Ријана во јавноста, речиси два месеци откако таа и АСАП Роки го дочекаа своето прво заедничко дете, во Лос Анџелес на 13 мај.

Покрај Ријана која била во публиката на овогодишното издание на фестивалот, таму се нашло и нејзиното поранешно момче Крис Браун.

Врската на Ријана и Крис во 2009 година постојано се пласираше во медиумите и тоа поради тоа што Браун ја претепа Ријана, вечерта пред доделувањето на Греми наградите.

Имено, главниот повод за тоа по кавгата во автомобилот била друга девојка, поради тоа што раперот и претходно признал дека ја изневерувал пејачката.

Вечерта кога ја повредил Ријана, тие двајца биле на некоја забава. Проблемот настанал кога се појавила жената со која тој имал афера.

„Ѝ кажав да престане да доаѓа на местата на кои јас одам, но таа се појави на нашата маса. Ја погледнав Ријана, таа плачеше“, изјавил Крис тогаш за медиумите.

По ова неверојатно насилство на Крис Браун, тој беше осуден на пет години затвор, една година советување за семејно насилство и шест месеци служба во заедници за напад.

За кавгата во 2010 година зборувала и Ријана кога гостувала кај Опра Винфри, а тогаш изјавила дека му простила на Браун и дека тој е љубовта на нејзиниот живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг