Популарното летувалиште во Грција застана на патот на „безобразните“ туристи: „За ова ќе плаќате казна...“

Точка

02/07/2022

13:55

40.824

Големина на фонт

а а а

Оставањето лични работи за на плажа, вклучувајќи чадори, пешкири и лежалки, а сè со цел чување место на плажа, дури и кога не престојуваат на неа, стана вистински непријатен тренд којшто се шири на крајбрежјето на Јадранот, но и на плажите во Грција.

Овојпат месната заедница на едно грчко летувалиште кое им е омилено на Балканците, одлучила да застане на патот на ваквото однесување на туристите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: „Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографија од грчките плажи предизвика полемика на социјалните мрежи


На Фејсбук страницата на грчкото гратче Пефкохори, едно од најпопуларните летувалишта на Халкидики, вчера било објавено известување во кое се наведува дека е забрането оставање лични работи на плажа поради „резервација“.

„Забрането е оставање лични работи на плажите преку ноќта, рано наутро, со цел резервирање на места на истите. Во спротивно истите ќе бидат одземени од страна на комуналните редари и ќе бидат вратени само по плаќање на казните“, пишува во соопштението.


Во објавата, која била соопштена од страна на грчкиот портал „Voria“, не е наведена цената на казната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг