Албиол откри како бил насамарен од Касилјас: Чекав пред куќа со влечки, а тогаш се појави Пенелопе Круз!

Дерби

01/07/2022

17:00

5.314

Големина на фонт

а а а

Раул Албиол доживува втора младост во Вилјареал и игра на навистина врвно ниво како лидер во одбраната на „жолтата подморница“, а како поранешен член на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација, последно беше гостин во специјализираната емисија на „Мовистар“.

Во друштво на презентерот Мартинез, Албиол реши да обелодени една интересна анегдота која досега беше непозната за јавноста, приказна во која се вклучени и две холивудски ѕвезди.

Стоперот открива дека бил насамарен од својот соиграч Икер Касилјас, па во најлошо можно издание се претставил пред Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг, Хавиер Бардем.

– Еднаш бев добро насамарен од соиграч, а тој соиграч беше Икер Касилјас. Ми се јави едно утро и ме праша дали сум дома во моја куќа. Ми порача дека има некои пријатели кои сакаат да купат куќа во мојот предел и дали може да ја видат мојата за да добијат некоја идеја. Му реков дека нема проблем, но не ми кажа како се викаат неговите пријатели.

– Се симнав да ги пречекам по влечки и шорцеви и потоа добив известување од моето обезбедување дека пристигнале пријателите на Икер. Кога се приближија, видов елегантен автомобил со затемнети стакла. Кога видов шофер кој излегува, знаев дека не е добро за мене. После него, од автомобилот излегоа Пенелопе Круз и Хавиер Бардем. Пребледев, се најдов пред нив со влечки и шорцеви, а полошо беше што мојата сопруга беше дома по пижами. Замислете, ние ги имавме гледано само на филм, а тогаш беа пред нас. Потоа му се јавив на Икер…. Му реков дека тој можеби е навикнат да вечера со нив, но зошто не ме предупреди за гостите. Ми возврати дека ќе било исто така комплицирано дури и да ми ги најавел. За крај, нашете мало куче се фрли во нозете на Пенелопе и почна да ја лае, тоа беше вистинска катастрофа, – открива Албиол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг