Пропаднатиот талент на Реал за изјавата која ќе го прогонува цел живот: Бев полн со самодоверба

Дерби

01/07/2022

16:56

4.575

Големина на фонт

а а а

Хесе Родригес пред осум години важеше за еден од најголемите таленти во Шпанија и успеа да се пробие во првиот тим на Реал Мадрид, но како голем потенцијал влезе пресамоуверено и излезе со некои изјави кои го прогонуваат и ден денеска.

Некогашниот голем талент на Реал не направи кариера како што се очекуваше и по бомбастичниот трансфер во ПСЖ бележи огромен пад, па сега последно направи трансфер во Анкарагучу како слободен агент.

Осум години по изјавата дека ќе ја освои „Златната топка“, реалноста со која се соочува Хесе е многу поинаква, па по комплетирањето на трансферот во Турција, даде објаснување за изјавата која ќе го прогонува до крајот на животот.

– Изјавата е таа и дадена е во тоа време. Бев преполн со самодоверба, а потоа следеше многу тешка повреда и тоа ми одзема многу работи. Не знам дали ќе ја освоев „Златната топка“, но беа таа повреда, мислам дека уште ќе бев во Реал Мадрид, – вели Хесе кој верува во својот талент и ден денеска.

– Кога сте млад, правите избрзани работи и носите одлуки кои може да се подобри. Сега би ги коригирал, но во даден момент не може да размилувате како сега. Вистина е дека правев многу глупости како млад, – вели Хесе кој денеска има 29 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг