Ова е најфотографираниот базен на светот, а отворен е за јавноста во текот на цела година – еве каде се наоѓа и колку чини уживањето во него

Точка

01/07/2022

17:12

44.384

Големина на фонт

а а а

Најфотографираниот базен на светот е отворен е за јавноста во текот на цела година, а во продолжение прочитајте каде се наоѓа и колку ќе ве чини уживањето во него.

Најдобриот дел од сето тоа е тоа што истиот не е соѕидан зад некој отмен хотел, што на туристите и локалните жители многу им се допаѓа. Наместо тоа, истиот е отворен за јавноста во текот на целата година.


Доколку патувате во Сиднеј и сакате да пливате, тогаш „Bondi Icebergs“ секако би требало да биде на вашата листа на места за пливање.

Повеќе од 100 години, базенот е сместен покрај крајбрежјето на плажата Бонди во Австралија, а истиот е отворен за јавноста и за сите.

Според веб-страницата „Swim the World“, тоа е најфотогеничниот базен на светот којшто туристите го обожаваат.

Денес постои базен за возрасни од 50 метри и помал базен за деца од 25 метри длабочина. Базените се отворени во текот на целата година, а цената за влегување во истите, со вклучена сауна е само 6 евра.


Пливањето во овој олимписки базен е навистина единствено искуство, особено кога пливачите во текот на пливањето во него можат да уживаат и во огромните бранови од Тихиот океан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг