СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

Макфакс

30/06/2022

20:45

2.659

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација очекува високо ниво на инфекција со Ковид-19 во Европа и повика на контрла на вирусот откако бројот на заразени се зголеми трипати за еден месец.

Откако земјите низ Европа ги укинаа социјалните мерки што беа во сила, вирусот ќе циркулира на високо ниво ова лето“, рече генералниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

„Вирусот нема да исчезне само затоа што државите престанаа да го контролираат. Продолжува да се шири, да се менува и да убива“, нагласи тој.

Предводен од подваријантата омикрон БА.5, коронавирусот се шири во педесетина земји кои припаѓаат на европскиот дел на СЗО, а оваа недела тие се приближија до дневната бројка од 500.000 новозаразени, анализираат надлежните.

На крајот на мај таа бројка беше 150.000 лица, според податоците на СЗО.

Речиси сите европски земји имаат пораст на бројот на заразени со коронавирус, а на листата водат Португалија, Луксембург, Франција, Грција, Кипар, Германија и Австрија, пишуваат медиумите.

„Се надеваме дека важните кампањи за вакцинација што ги имаат повеќето земји, како и бројот на оние што го прележале вирусот, ќе значат дека ќе ги избегнеме најтешките последици што ги видовме порано во пандемијата“, вели Клуге.



Спонзорирани линкови

Маркетинг