Еве како да го намалите високиот холестерол на природен начин: Докторите советуваат овие намирници задолжително да ги воведете во исхраната

Точка

30/06/2022

14:13

22.269

Големина на фонт

а а а

Зголемениот холестерол никогаш не е добредојден затоа што тој значително влијае на здравјето.

Имено, може да се предизвикаат бројни проблеми и болести на срцето и крвните садови.

Според зборовите на докторите, постои добар и лош холестерол.

Лошиот холестерол се нарекува LDL холестерол затоа што пренесува 75 отсто масти (50 отсто холестерол) во крвта. HDL е добар холестерол затоа што содржи 50 отсто протеини и само 20 отсто холестерол.

Научниците ги препорачуваат следните намирници за кои утврдиле дека се добри и дека ја намалуваат маснотијата во крвта, а со самото тоа и холестеролот.

Лук – тој може дури 11 отсто да го намали присуството на холестерол, доколку се користи дневно во вид на таблета. Исто така, едно чешне лук дневно значително помага во подобрување на циркулацијата.


Грав – поради богатството на материи со растителни влакна може за еден месец да го намали холестеролот за 6 отсто.

Ореви – намирница која одлично делува на HDL и обезбедува најголем процент на заштите на добриот холестерол.

Јаболка – најдобро го намалуваат холестеролот, и тоа за 38 отсто. Редовното консумирање на свежи јаболка или пак сок од истите, може да доведе до добар резултат.

Целер – добар е во намалување на концентрацијата на лош холестерол затоа што делува релаксирачки на артериите и им овозможува да се шират.


Воведувањето на овие намирници во исхраната не само што ќе го намалат ризикот од лош холестерол, туку ќе го одржуваат и целокупното здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг