Една од ретките прилики кога Вучиќ со сопругата се појавува во јавност, луѓето го исмеваат неговото однесување: „Како дрвена Марија...“

Точка

29/06/2022

14:40

15.194

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Србија била одржана свеченост за вториот мандат на нивниот претседател Александар Вучиќ, меѓутоа во таа прилика вниманието го привлекол неочекуван детаљ.

Вучиќ на церемонијата пристигнал со својата сопруга Тамара со која ретко се појавува во јавноста, а на социјалните мрежи почнала да се споделува сцената која многумина ги насмеала.

На заедничката фотографија од парот, Тамара својот сопруг го фатила под рака, додека изгледало како српскиот претседател да е рамнодушен кон тоа. Тој детаљ не им „побегнал“ на корисниците на социјалните мрежи, па предизвикал многу реакции.

Поради својот став кон гестот на својата сопруга, Вучиќ го нарекле „дрвена Марија“, додека пак за Тамара пишувале дека изгледа како да се „закачила“ за неговата рака.

„Погледнете го џентлменот како раката ја држи со стил“, бил еден од коментарите.

Корисниците на социјалните мрежи заклучиле дека Вучиќ изгледа збунето како и дека не знае што прави, но тврдат дека можел барем малку да ја свитка раката со што на сопругата би ѝ изразил почит.

„Се гледа дека нема почитување меѓу нив“, додал некој друг корисник во коментарите.

Некои го коментирале изгледот на првата дама на Србија која за оваа прилика одлучила да облече фустан во впечатливо, розова боја, а косата исто така ѝ била одлично стилизирана.

„Кралицата на естрадата која ја „собра“ од Пинк“, напишал некој во коментар.

Тамара, која на Александар му е втора сопруга, главно својата приватност ја чува добро од очите на јавноста.

Парот се венчал во 2013 година, а потоа им се случила трагедија кога Тамара три дена пред породувањето го изгубила девојчето.

Таа завршила Факултет за политички науки, а некогаш работела и во Министерството за надворешни работи, но интересно, таа никогаш не е вклучена во ниту една кампања од својот сопруг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг