Нови напади во Украина, гаѓан е Николаев, тројца загинати во Очаков

Макфакс

28/06/2022

11:40

2.033

Големина на фонт

а а а

Руските сили извеле ракетен напад на градот Николаев, а гаѓан е и Очаков, на југот на Украина, соопшти денеска началникот на регионалната управа, Виталиј Ким.

Тој рече дека при гранатирањето на Очаков загинале две возразни лица и едно дете, а повредени се уште шест луѓе, пренесува „Униан“.

Според неговите зборови, погоден е градскиот пазар, домот на културата и два станбени објекти. Во делови од градот нема вода, гас, струја и интернет.

Наведе дека врз Николаев е испукано 11 проектили, а некои од нив ги спречила противвоздушната одбрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг