(Видео) Драмата во Собрание од друг агол: Адеми со исекотина на раката, откако Милошоски и Стојаноска му го тегнеле микрофонот

Точка

27/06/2022

20:25

10.895

Големина на фонт

а а а

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбр Адеми од ДУИ попладнево добил расекотина на раката откако настанала турканица и викање на комисиската расправа за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат, треба да им се продолжи работниот век, до изборот на нови, пишува СДК.мк.

До инцидентот дошло кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ противејќи се на законските измени, го заобиколиле пултот на Адеми кој раководи со седницата. До тоа, пак, дошло откако и по два часа барања за процедурални приговори, Адеми решил да го стави дневниот ред на гласање.

СДК.мк“ пренесува дека во еден момент пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и Дафина Стојаноска, почнале да му го корнат микрофонот на Адеми. Во тој напад со предмет од пултот расечена е неговата рака. Во тензична атмосфера, како што се гледа од видеа снимени со мобилен телефон се гледа како Адеми им вика на пратениците и нервозно замавнува со предмети кон нив.

На снимката се гледа дека тој прво го удира Антонио Милошоски по раката, откако претходно има мало влечење околу микрофонот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг