Бред Пит открил дека се кае што глумел во филмот кој стана светски хит: „Направив сопствени грешки во него“

Точка

27/06/2022

22:01

14.713

Големина на фонт

а а а

Бред Пит во својата кариера сними бројни филмови кои добија пофалби од критичарите и публиката, а само некои од нив се „Once Upon A Time in Hollywood“, „Se7en“, „Moneyball“...

Неодамна актерот откри кој свој филм го смета за најлош проект во кариерата.

Кога поединец ќе постигне слава и популарност каква што постигна Пит, со сигурност може да се каже дека има слобода да бира проекти и да ја користи креативната слобода. Но, за жал тоа не било случај со актерот кој бил присилен да глуми во една продукција која ја смета за најлош проект во својата кариера.


Станува збор за филмот „Troy“, адаптација на Хомер во режија на Волфганг Питерсен во кој Пит го глумеше Ахил, легендарниот непобедлив воин.

Во тоа време Бред не можел да го изрази своето мислење поради договорни обврски, но подоцна открил дека зажалил што го снимил филмот бидејќи студиото го натерало на тоа откако се откажал од друг проект.

„Не беше болно, но сфатив дека начинот на кој филмот беше раскажан не беше онаков каков што сакав да биде. Направив сопствени грешки во него. Што се обидувам да кажам за „Troy“? Не можев да излезам од средината на кадарот и тоа ме излудуваше“, открил Пит за „New York Times“.


„Станав разгален работејќи со Дејвид Финчер. Тоа не е потценување на Волфганг Питерсен“. Остварувањето „Das Boot“ е еден од најдобрите филмови на сите времиња, но некаде попатно „Troy“ стана комерцијална работа. Секој кадар беше: „Еве го херојот“. Немаше мистерија“, додал Бред.

По работата на „Troy“, актерот си ветил себеси дека нема да се согласува на компромиси во поглед на својата уметничка визија и одлучил да работи на филмови за кои бил заинтересиран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг