(Видео) Рама од Брисел - повторно се пошегува на сметка на Бугарите: „Поздрав од Источна Македонија“

Точка

23/06/2022

16:46

4.079

Големина на фонт

а а а

Шегата на Еди Рама доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.

„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел, а видеото го објави албанскиот медиум РТК.

Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем.


На сцената, кадешто лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во објавата на РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг