Нобеловецот Џозеф Стиглиц за политиката во САД: Започната нова Студена војна со Русија и Кина за да се зачува светската превласт

Точка

23/06/2022

12:39

2.100

Големина на фонт

а а а

САД влегоа во нова Студена војна со Русија и Кина, каде станува збор за прашањето за глобалната хегемонија на Западот, а не заштита на вредностите, се наведува во статијата на американскиот економист и добитник на Нобелова награда за економија Џозеф Стиглиц за порталот „Sharepost“.

„Изгледа дека САД влегуваат во нова Студена војна и со Кина и со Русија. Американските лидери тоа го прикажуваат како конфронтација меѓу демократијата и авторитаризмот, но тоа не минува, посебно во момент кога тие исти лидери активно ги поддржуваат системските кршачи на човекови права како што е Саудиска Арабија. Таквото лицемерие сугерира дека тоа што навистина се случува, барем делумно, е глобална хегемонија, а не вредности“, пишува Стиглиц.

Според мислењето на економистот, две децении по падот на железната завеса, САД биле очигледно број еден во светот. Но, потоа уследиле погрешни војни на Блискиот исток, финансискиот крах во 2008-ма година, растечката нееднаквост, кои го довеле во прашање лидерството на Вашингтон во светската политика.


Стиглиц ја забележува неизбежноста дека Кина економски ќе ги надмине САД. САД, според научникот, не можат сами да победат во новата конкуренција на големите сили – потребни им се сојузници. Меѓутоа, последните години, како што забележува научникот во статијата, сојузниците на САД имаат се повеќе причини да се сомневаат во доверливоста на Вашингтон како партнер.

„Трамп направи сè што можеше да ги отуѓи овие земји, а републиканците, кои и натаму му се должни, дале доволно причини тие да се сомневаат дали се САД доверлив партнер … Во потрага по наклонетост од светот, САД ќе мора да сфатат дека не помага нивната долга историја на експлоатација на други земји и длабоко вкоренет расизам, сила со која Трамп вешто и цинично управува“, вели тој.


Тезата за расизмот на Стиглиц илустрира „вакцинален апартхејд“, кога богатите земји ги добиле сите неопходни вакцини против коронавирусот, а „луѓето во сиромашните земји се препуштени сами на себе“. Во меѓувреме Кина и Русија своите вакцини ги направиле достапни за сите други. Истовремено, Пекинг, како што забележува Стиглиц, успеал на сиромашните земји да им обезбеди софистицирана инфраструктура, засилувајќи го своето влијание.

„Мораме да им понудиме конкретна помош на земјите во развој и пазарите во настанување, почнувајќи од напуштање на сиот интелектуален имот во врска со Ковид, за да можат сами да произведуваат вакцини и третмани, заклучил Стиглиц.




Спонзорирани линкови

Маркетинг