(Видео) Поради популарност на интернет, српски Јутјубер си набавил младенче лав и го чува во стан

Точка

22/06/2022

19:41

15.519

Големина на фонт

а а а

Сведоци сме дека денешните млади се подготвени на речиси сè за да добијат популарност на социјалните мрежи, па дури и да се загрозат себеси и другите.

Па така, 20-годишниот јутјубер од Србија Стефан Јанковиќ се пофалил дека на подарок добил младенче лав.

Животното старо само месец и половина наводно му го подарил пријател, а Стефан снимил сè за својот канал на Јутјуб.

Тој објавил и неколку снимки на ТикТок каде го покажува лавчето како лежи со него во кревет и го храни со шише.

На своите следбеници им порачал дека видеото мора да собере 50.000 лајкови доколку сакаат да го видат продолжението на приказната за „миленичето“.

Она што ја прави оваа приказна уште побизарна е тоа што неговите следбеници го поддржуваат без воопшто да помислат на фактот дека тој решил да чува диво животно во станот, а бидејќи тоа не е негово природно живеалиште, го мачи лавот.

@stefan_jankovic Kralj moj mali 🍼 #janko ♬ original sound - Janko💦


Не е познато дали момчето има некаква дозвола да чува диво животно во станот.

„Чување и репродукција на диви и егзотични животни како домашни миленици може да се врши само врз основа на решение за одобрение за чување и репродукција на диви и егзотични животни како домашни миленици, издадено од министерот, врз основа на претходно добиена согласност од министерот надлежен за животната средина“, стои во законот на Србија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг