Абдул-Џабар: НБА лигата личи како натпревар во шутирање тројки

Дерби

22/06/2022

14:17

14.089

Големина на фонт

а а а

Некогашниот ас на Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, Карим Абдул-Џабар не е задоволен во тоа во кој правец се движи играта во НБА лигата.

На легендарниот Карим му пречи тоа што премногу се форсира шутот за три поени што е сосема спортивно од времето во кое тој настапуваше и во кое успеа да освои шест шампионски титули и воедно да стане најдобар стрелец во историјата на НБА, рекорд кој до денеска не е соборен.

- Да бидам искрен, сето тоа ми изгледа како натпревар во шутирање тројки. Во мое време имавме десет обиди за три поени во текот на целиот натпревар, сега имаш 20 во една четвртина. На некои луѓе тоа им се допаѓа, но искрено на мене не ми е толку интересно, - вели Џабар кој во својата кариера има дадено само една тројка.

- Мислам дека тоа беше мојот единствен шут за три поени во кариерата. Се сеќавам дека топката се одби во аголот, едвај стигнав до неа, се свртев и погодиц. Не пред ни потоа не се обидував да шутирам. И се уште сум најефикасен на сите времиња, - порача една од најголемите кошаркарски икони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг