„Турција е уморна од НАТО“

Точка

21/06/2022

19:35

6.599

Големина на фонт

а а а

За 70 години членство, колку што Турција е членка на НАТО, не виде ниедна предност, а единствен аргумент во прилог на членството е правото на вето, пишува турскиот весник „Џумхуријет“.

Според мислењето на авторот на статијата, Мехмет Али Гулер, Анкара треба да го затвори Црното море, Кавказ и западната врата од Централна Азија за САД и да стане дел од големото евроазиско партнерство.

„Турција треба да ги прекине врските со НАТО“, уверен е авторот.


Излегувањето од составот на Алијансата би значело преминување на стратешко партнерство со Русија и Иран, како и интеграција во „новиот свет“ преку организациите „БРИКС“ и „ШОС“.

Потсетуваме, Финска и Шведска поради настаните во Украина на 18-ти мај до генералниот секретар на НАТО предале барање за влез во Алијансата. Турција го блокирала почетокот на процесот за разгледување на овие пријави.


Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, рекол дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да верува во нивните уверувања за односите со претставниците на Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг