Албанија и Косово со убедливо највисоки цени – колку чини горивото кај балканските земји?

Точка

20/06/2022

22:39

67.096

Големина на фонт

а а а

Цените на горивата во Македонија во последните 30 дена пораснаа во просек од 20 денари. Дизелот поскапе за 23,5, а бензинот за 17 денари. Претворени во евра, дизелот чини 1,78, а бензинот 1,83 евра.

Цените на горивото во Македонија во споредба со регионот

Црна Гора има убедливо најевтини горива и таму дизелот се точи по цена 1,58 евра, а 1,68 евра е бензинот.

Следна е Босна и Херцеговина, кадешто и дизелот и бензинот имаат речиси идентична цена. Дизелот се точи 1,74, а бензинот 1,73 евра.

Во Србија дизелот е поскап од бензинот. Таму едно литро дизел чини 1,78, а едно литро бензин 1,69 евра.

Дефинитивно најскапи горива имаат Косово и Албанија. Во Косово дизелот чини 1,89, а бензинот 1,91 евра. Кај нашиот западен сосед цената на дизело е 2,16, а бензинот 1,96 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг