Жртва на „GPS“ во Хрватска: Турист заглавил во тесна улица, па станал хит на социјалните мрежи

Точка

20/06/2022

11:20

18.129

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од Чиово во Хрватска инспирирала бројни коментари на социјалните мрежи.

На страницата „Дневна доза просечен Далматинец“ е објавена фотографија од тесни улички наводно направена на Чиово, каде турист се заглавил со својот автомобил.

Во описот на фотографијата пишува „Улица на жртвите на „GPS"", сугерирајќи дека тоа не е првата жртва на оваа улица и навигацијата.

Фотографијата инспирирала бројни коментари на Фејсбук, а некои од нив се: „Малку сапуница по вратите и тоа ќе пројде …“, „Сезоната навистина започна“ и други.

Фотографијата можете да ја погледнете во продолжение и да процените дали вие ќе успеете да се извлечете од ваква непријатна ситуација.

Ulica žrtava GPS-a

#stiga_novi

Posted by Dnevna doza prosječnog Dalmatinca on Sunday, 5 June 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг